Зимската депресија оваа година потешко се поднесува

од Stefanija Kuzmanovska

Сезонското афективно нарушување влијае на голем број луѓе, но оваа година е поврзано со стресот поради глобалната пандемија, поради што ефектите се уште поизразени.

Оваа година беше без сомнение една од најпредизвикувачките години во модерната историја, година што нанесе штета на нашето ментално и физичко здравје. Додадете на тоа сезонско афективно нарушување, или како што популарно се нарекува – зимска депресија поради пократки, потемни постудени денови, влијанието врз повеќето луѓе е неизбежно и многу поголемо од порано, пишува Mind Body Green.

Зошто мрачните денови годинава потешко се поднесуваат?

Со менталните несакани ефекти на ковид-19, сезонските промени можат да ги влошат чувствата на депресија и анксиозност.

Зимата доведува до симптоми на хибернација, што може да се манифестира како прејадување, замор, поспаност, чувство на повлекување и тага, објаснува психијатарот Роксана Навамар.

Овие промени во расположението се биохемиски поврзани со деноноќниот ритам, светлината и температурата, така што манипулацијата со овие ресурси може да помогне во управувањето со симптомите.

Обрнете внимание на внесот на хранливи материи

Витамини и минерали се важни за функцијата на клетките, и ако немаме точна количина на витамин Д или магнезиум, ќе имате и промени во расположението. Недостаток на овие витамини може да доведе до поголем немир, вознемиреност и отежнато спиење.

Неколку клучни хранливи материи за зимските месеци се: витамин Д, магнезиум, фолна киселина, витамини од групата Б.

Вежбајте наутро

Вежбањето токму наутро може да поттикне скок на кортизолот, што може да ви помогне да се разбудите. И не, тоа не мора да биде тренинг кој трае долго. Вежбите со кратки интервали на интензитет, како што се вежбите HIIT, ќе бидат исто толку ефикасни.

Скокање 30 секунди и пет секунди одмор, пет минути, всушност ќе го промени нивото на хормонот, заедно со дополнителен излив на ендорфин. Ако сте постари и не сте во форма, започнете со секојдневни вежби за истегнување.

Слични содржини