Златан ги малтретирал соиграчите? Имало и работи кои требало да се пријават во полиција, но никој не смеел да се јави!

од Stefanija Kuzmanovska

Златан Ибрахимовиќ отсекогаш важел за човек со избувлив карактер, вљубен самиот во себе, па не е изненадување што многу соиграчи „не го мирисале“ . За ривалите и да не зборуваме.

Сепак, Ибрахимовиќ заработи почит кај многу навивачи поради неговите фудбалски вештини, дури и на 39-годишна возраст игра на врвно ниво, но неговите мрачни тајни полека „испливуваат“, особено оние што се однесуваат на репрезентацијата на Шведска.

Шведскиот новинар Олоф Лунд објави книга за националниот тим во која наведува дека Ибрахимовиќ малтретирал соиграчи, така што во соблекувалната неколку пати можело да дојде до голема тепачка.

„Тоа беше насилство врз возрасните. Златан е најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, но репрезентацијата е подобра без него“, ги потврди деталите од книгата неименуван лидер на Шведската фудбалска асоцијација за сајтот Aftonbladet.

„Тоа е во основа нешто што треба да се пријави во полиција. Беше ужасно. Секој собир, десет дена по ред секој месец … Дали е тоа малтретирање? Таквите работи се пријавуваат во полиција“.

Секако, никој не смееше да се јави поради Златан Ибрахимовиќ.

Новинарот кој ја напиша книгата за националниот тим тврди дека сите се плашеле од Ибрахимовиќ и дека селекторот Ерик Хамрен, кој ја водеше екипата од 2009 до 2016 година, му дозволувал такво однесување.

Други пак тврдат дека тоа е претерување и дека Ибрахимовиќ не бил толку злобен.

loading...

Слични содржини