Златен лав за филмот „Жената што замина“ на Лав Диаз

од Vladimir Zorba

 

Наградата Златен лав на 73. филмски фестивал во Венеција за најдобар филм ја освои „Жената што замина“ во режија на Лав Диаз од Филипините.lav-diaz

Наградата за најдобра режија ја поделија режисерите Амат Ескаланте од Мексико за филмот „Нескротени“ и русинот Андреј Кончаловски за филмот „Рај“.

За најдобра актерка е прогласена Ема Стоун за улогата во филмот „Ла ла Ланд“, додека наградата за најдобар актер му припадна на аргентинецот Оскар Мартинез за улогата во филмот „Почесен граѓанин“.

Режисерот Том Форд ја доби големата награда од жирито за филмот „Ноќни животни“.

Слични содржини