Златна треска – знак дека светот е во неволја

од Vladimir Zorba

Унца злато (31,1 грама) веќе чини повеќе од 1.900 долари, што е за 30% повеќе отколку за време на превирањата на финансиските пазари во март, кои не ги заобиколи ниту скапоцените метали.

Но, од тогаш, насоката е исклучиво во нагорна линија, што главно се должи на ликвидноста на централните банки и очекување дека ова на крајот ќе доведе до поголема инфлација. И на крај, но не и најмалку важно: потребните приноси на обврзници, кои можат да бидат алтернатива за инвестирање во злато, во некои случаи се дури и негативни, па инвеститорите претпочитаат да купуваат скапоцени метали.

Во последниве денови, растот на пазарот на скапоцени метали (расте и среброто, кое надмина 23 долари), исто така, е под влијание на послаб долар и зголемен број на заразени со коронавирус (рекордни 290.000 низ целиот свет во петокот), што е камен за сопнување за економско закрепнување и зголемување на веројатноста за нов бран на затворање.

Накратко, златната треска сигнализира дека светот е во неволја. Уште во април, Bank of America ја зголеми таргетираната цена на златото во текот на следните 18 месеци на 3.000  долари, пренесува Seebiz.

Слични содржини