Златниот лав доделен на документарен филм, втор пат во историјата

од Stefanija Kuzmanovska

Документарниот филм All the Beauty and the Bloodshed, за американската фотографка Нан ​​Голдин и нејзината борба против богатото семејство Саклер, го освои Златниот лав на филмскиот фестивал во Венеција.

Наградата ѝ припадна на Лаура Поитрас, која се занимава со истражувачко новинарство, пренесе „Ројтерс“.

Ова е само втор пат во 79-годишната историја на Венецискиот филмски фестивал, главната награда да биде доделена на документарен филм.

Најдобри актери Кејт Бланшет и Колин Фарел

Наградата за најдобра актерка ѝ припадна на Австралијката Кејт Бланшет за улогата во филмот TAR, додека наградата за најдобар актер ја доби Ирецот Колин Фарел за улогата во трагикомедијата The Banshees of Inisherin.

Слични содржини