Злато на Балканот: Колку тони има С. Македонија?

од Nikola Popovski

Србија поседува вкупно 36 тони злато, втора на Балканот е С. Македонија со 6,8 тони резерви, следена од Словенија со 3,17, Босна и Херцеговина со 2,98 тони, Црна Гора со 1,09 тони, додека Хрватска останала без своите резерви на злато, пишува босански „Дневни аваз“.

Според податоците на Народната банка на Србија, од 2013 година, резервите на злато во нивната земја се зголемени за 20,7 тони или 1,1 милијарда евра, а само во последните две години, се зголемиле за 12 тони злато.

БиХ има околу три тони злато под јурисдикција на Централната банка на БиХ, а економистот Игор Гавран наведува дека би било добро да се зголеми обемот на резерви на злато, бидејќи монетарното злато е најтрадиционална форма на резерви со која централните банки гарантираат за вредноста на националната валута, заедно со другите девизни резерви.

Оваа функција ја имаат и златните резерви на Централната банка на БиХ, иако тие сочинуваат само мал дел од вкупните девизни резерви и добро е што ги има БиХ, рекол тој за „Дневни аваз“.

Тој смета дека би било добро да се зголеми обемот на резерви на злато, односно монетарно злато, но не во сегашно време на криза кога цената е секако висока, туку како дел од долгорочна стратегија за подобрување на стабилноста на зголемувањето на вкупните девизни резерви.

„Добро е што не сме во неповолна ситуација како Црна Гора, да заложиме злато како гаранција за задолжување, но и како Хрватска, која набрзина го продаде монетарното злато кога цената беше далеку пониска од денес и со тоа изгуби стотици милиони евра разлика, колку што нејзината вредност би била порасната“, прецизира Гавран.

Според весникот, нема информации за тоа дали ќе се зајакне резервата на злато во БиХ.

Слични содржини