Златото поскапе поради најавите за забрана на увозот од Русија

од Vladimir Zorba

Цената на златото денеска порасна за 0,7 отсто на 1.838,8 долари за троунцното поради веста дека некои западни земји планираат официјално да го забранат увозот на благородниот метал од Русија како казнена мерка за инвазијата на Украина, објави Ројтерс.

Во неделата американскиот претседател Џо Бајден најави дека земјите од Г-7 ќе воведат забрана за увоз на руско злато.

Според извори на Ројтерс од американската администрација, официјалната забрана ќе биде објавена на 28 јуни.

Слични содржини