Змијанац: „Јавна соба“ е можна педофилска мрежа

од Viktor Jovanov

„Јавна соба“ е сајбер и родово насилство. Малку се говори за превенција за заштита на лични податоци од сајбер насилство, злоупотреба на фотографии, десиминација и дистрибуција, но и сексуално образование, вели директорот на Меѓаши, Драги Змијанац во емисијата „Отворено“, говорејќи за групата „Јавна соба“ на Телеграм.

-Тие предаторите, тоа е веројатно и можна педофилска мрежа која треба да ја гони полицијата. Девојчињата во секој случај се жртви. Имало и лажни профили со фотографии од девојчиња, но имало и реални фотографии. Она што е важно е што кога отвараат Инстаграм, треба да си ги заштитат профилите и да внимаваат какви фотографии ставаат. Не ја префрламе вината кај децата, но треба да се заштитат, рече Змијанац.

Според него, за виктимизирањето врз девојчињата не може никој да помогне, па ниту Министерството за внатрешни работи и Секторот за сајбер криминал. Тој вели дека и новинарите одовориле на висината на задачата, бидејќи претходно бил изготвен правилник како да се известува за такви работи.

 

Слични содржини