Знаци кои покажуваат дека имате заболен црн дроб, а се појавуваат на вашата кожа

од Nikola Popovski

Црниот дроб е клучен орган за варење на храната и ослободување на телото од токсични материи. Како што наведува клиниката „Мајо“, болестите на црниот дроб можат да бидат наследни, но и предизвикани од различни фактори кои го оштетуваат црниот дроб, како што се вируси, консумирање алкохол или дебелина.

Токму затоа, предупредуваат лекарите, потребно е навреме да се препознаат симптомите кои укажуваат на болен црн дроб, а некои од нив се појавуваат и на нашата кожа, пренесува „N1 Hrvatska“.

Тоа се:

-жолтица
-чешање на кожата
-осип
склоност кон модринки
-деформација на ноктите
-црвени дамки од кои крвните садови се шират како пајакова мрежа

Секој од овие симптоми укажува дека е неопходно да се побара лекарска помош бидејќи, иако не мора, овие појави често укажуваат на заболувања на црниот дроб.

На пример, жолтицата често може да биде знак за хепатитис или цироза, чешањето на кожата често укажува на холестаза, додека деформацијата на ноктите обично укажува на хронично заболување на црниот дроб.

Слични содржини