Знамето на ЕУ во Британија може да се вее само со дозвола на владата

од Nikola Popovski

Знамето на Европската унија повеќе не може да се вее во Велика Британија, освен ако владата не го дозволи тоа. Овој потег е одделен од инструкциите до општинските власти, од кои се бара да го држат знамето на ЕУ како услов за добивање пари од Брисел, од фондот за опоравување од пандемијата со Ковид-19.

До неодамна за такво нешто не беше потребна согласност од владата, а на овој потег се гледа како на „прст во око“ за поддржувачите на ЕУ во Велика Британија, пишува „Сан“.

Владината веб -страница, во делот поврзан со знамиња, вели дека „откако Велика Британија ја напушти Европската унија, знамето на ЕУ повеќе не е вклучено во листата на знамиња за кои не е потребна владина дозвола“.

Практично секое ниво на власт во Англија ќе добие нешто од предвидените 65 милиони евра (56 милиони фунти).

Најголем примач на пари е Бирмингем (еден милион фунти), каде мнозинството гласаше за напуштање на ЕУ.

Слични содржини