Знаци дека можеби сте имале „омикрон“, без воопшто да знаете

од Vladimir Zorba

„Омикрон“ досега се покажа како варијанта која предизвикува поблаги и поподносливи симптоми.

Тоа влијае на горниот респираторен систем, што значи дека белите дробови на повеќето луѓе инфицирани со „омикрон“ се поштедени. Сепак, ова со себе носи симптоми кои сега е тешко да се разликуваат од обичната настинка, па луѓето често дури и не одат на тестирање.

Ако неодамна сте биле болни и не сте биле тестирани, овие знаци може да укажат дека сте имале „омикрон“.

Симптоми

Досега треската, кашлицата и губењето мирис беа сигурни знаци дека сте заболени од Ковид. Тоа се смени со „омикрон“. Сега најчести симптоми се болки во грлото, течење на носот, главоболка, замор и болки во телото. Професорот Тим ​​Спектор, раководител на студијата што ги следи симптомите на Ковид, вели дека секој со овие симптоми треба да се тестира.

Сите во семејството се разболеа еден по друг

Респираторните вируси се генерално многу заразни, меѓутоа, Ковид-19 моментално е најдоминантен во светот. Исто така, се покажа дека „омикрон“ се пренесува многу полесно од досегашните варијанти и тешко е некој да не се зарази додека е во контакт со заразено лице.

Затоа, ако сте биле болни и сте забележале дека сите дома се разболуваат еден по еден, веројатно е „омикрон“.

Дигестивни проблеми

Според последните извештаи, заразените со омикрон пријавуваат и проблеми со варењето. Повраќање, гадење и губење на апетит се поврзани со „омикрон“.

Губење на косата во големи количини

Алопеција или губење на косата е чест симптом кај многумина кои страдале од Ковид. Експертите го припишуваат ова на емоционален стрес, лекови или ослободување на проинфламаторни цитокини како одговор на вирусот. Затоа, доколку наеднаш забележите дека косата ви опаѓа и не сте биле тестирани, можно е да сте ја надминале инфекцијата со омикрон.

Инфекција на очите или осип

Според Jerusalem Post, инфекција на очите или чуден осип на прстите може да биде знак дека сте го надминале „омикрон“.

Иако се благи, доколку чувствувате симптоми, останете дома, изолирајте се и следете ги симптомите. Носете маски и држете се на дистанца, особено од најранливите, пишува „Тајмс оф Индија“.

Слични содржини