Знаци дека не јадеме доволно: Еве како телото ни кажува дека внесуваме малку калории

од Stefanija Kuzmanovska

Иако во последно време калорискиот дефицит е тема број еден кога станува збор за слабеењето, многу е важно во текот на денот да внесуваме доволно хранливи материи. Постигнувањето и одржувањето на здрава телесна тежина може да биде предизвик, но недоволниот внес на храна негативно влијае на нашето тело и ум. Еве како да знаете дека тоа е случај и кај нас.

Знаци дека не јадеме доволно

Недостаток на енергија
Калориите се единици на енергија што телото ги користи за правилно функционирање. Ако не внесуваме доволно калории, се чувствуваме уморни, летаргични и недостаток на енергија. Внесувањето на калории се заснова на активноста што ја имаме во текот на денот. Значи, колку повеќе се движиме, толку повеќе калории согоруваме. Ако тренираме, дневниот внес на калории се зголемува за 1000 единици.

Недостатокот на калории може да го забави метаболизмот што доведува до замор. Доколку сте решиле да ослабете на овој начин, консултирајте се со нутриционист.

Губење на косата
Сосема е нормално да изгубите неколку влакна во текот на денот. Меѓутоа, ако забележите дека ви опаѓа косата во прамени, тоа може да биде знак дека не јадете доволно храна во текот на денот. Имено, многу хранливи материи од храната се неопходни за здрава и силна коса.

Постојан глад
Кога сме постојано гладни, тоа е едноставно знак дека не внесуваме доволно храна во телото. Истражувањата покажаа дека апетитот и желбата за храна се одговор на драстичното ограничување на калориите. Потоа, постои нерамнотежа на хормоните на глад и ситост.

Неможност за зачнување
Неухранетоста и недостигот од внес на храна влијаат на неможноста на жената да забремени. И во овој случај, постои дисбаланс на хормоните, кои се директно поврзани со репродуктивното здравје.

Проблеми со спиењето
Несоницата и лошиот сон доведуваат до отпорност на инсулин и зголемување на телесната тежина. И додека прејадувањето влијае на квалитетот на сонот, на ист начин влијае и строгата диета.

Нервоза
Нервозата и нерасположението, и раздразливоста се симптоми дека не јадеме доволно.

Постојано ни е ладно
Телото треба да согорува калории за да одржува здрава телесна температура. Кога нема доволно калории, телото се лади и затоа постојано ни е ладно.

Затвор
Неправилната столица е последица на намалениот внес на калории. Ова не е изненадувачки, бидејќи кога консумираме малку храна, малку „отпад“ и завршува во нашиот дигестивен тракт. Во случај на намален внес на храна, празнењето се случува не повеќе од три пати неделно, а столицата е тврда.

Анксиозност
Иако исхраната може да доведе до промени во расположението, намалениот внес на калории може да предизвика и симптоми на анксиозност.

Слични содржини