Знаци дека сте со маж кој хронично се плаши од долга врска

од Vladimir Zorba

Ако запознаете маж кој има долга историја на кратки врски, ако избегнува да зборува за вашата врска или не го цени вашето време, тој веројатно не сака да биде во врска.

Не е тајна дека некои мажи се плашат од врзување и долги врски.

Има долга историја на кратки врски

Тој список на интензивни и кратки врски е долг, а одговорот на прашањето „зошто?“ е подготвен. Сигурно сте слушнале некои од следниве одговори: Не ја најдов вистинската, заради работата, не бев подготвен да се смирам…

Упорен е сè додека не ве освои

Ова момче нема да се смири се додека не ве освои. Можеби не ве интересира толку, но неговата упорност ќе ве натера да застанете и да размислите. Ова може да биде еден од првите знаци дека имате работа со „играч“, но не мора да значи. Внимавајте…

Непостојан е

Еден ден ве обожава, другите два не одговара на телефон, не одговара на пораки и ако одговори е прилично ладен? Сето ова е придружено со големо извинување за обврските дома или на работа.

Ја мерка секоја жена

И жените сакаат да гледаат убава и згодна жена, но ако имате маж покрај вас кој не може а да не ја погледне скоро секоја жена, имате проблеми. Неговиот поглед е насочен кон сите жени околу него и тој нема да се двоуми да ги погледне без разлика што сте до него.

Слични содржини