Знаци кои укажуваат дека вашето бебе се чувствува сигурно со вас

од desk2

Да се биде родител не е лесно, всушност може да биде многу стресно. Многу прашања ќе ве измачуваат за негата и грижата на детето, особено ако станува збор за прво дете. Тогаш е многу лесно да се изгубите во морето информации и прашања од типот „Дали моето дете е сигурно и сакано со мене? Дали сум добар родител? Дали ова го правам правилно? И слично.

Постојат начини на кои може да дознаете како вашето бебе се чувствува кога е со вас, велат експертите.

1. Изгледа смирено

Детето кое изгледа опуштено и смирено кога го држите, се чувствува сигурно. Ова е еден од главните знаци, вели педијатарот Џесика Мејден од Детската болница во Кливленд.

2.Комуницира со вас

Бебето кое се чувствува сигурно со вас ќе се дружи и ќе комуницира.

„Ако си игра со вас, се смее и гледа во вас, бара утеха, љубопитно е и пријателски расположено, дури и ако плаче е знак на ангажман и комуникација“, вели Сесилија Метсон, експерт за рано детство.

Знак за аларм е ако детето прави спротивно од ова, ако не е заинтересирано или не ве бара кога нешто треба.

3. Престанува да плаче кога ќе го земете в раце

Бебињата плачат од различни причини, а со текот на времето ќе разликувате кој плач за што е.

„Важно е да реагирате на плачот на детето така што тоа ќе научи да верува дека тука сте за него“, вели докторката Ина Лејтер, директорка на Центар за когнитивна терапија.

4. Ако детето има опуштени мускули

„Бебињата кои се чувствуваат сигурно нема да ги стегаат мускулите и да бидат во грч“, вели Мејден.

5. Плачење на детето

Ако вашето дете се чувствува сигурно веројатно нема да плаче цел ден.

„Новороденчињата не би требало да имаат долги и чести појави на плач додека не наполнат најмалку две или три недели“, вели Мејден.

Проблем е ако детето има продолжени епизоди на плачење во првите две недели од животот.

„Тоа сигнализира дека постои проблеми, или е гладно или нешто го боли“, вели докторката.

6. Нема потреба постојано да биде во вашите раце

Најдобар доказ дека вашето дете се чувствува сигурно со вас е токму овој, нема потреба постојано да ви биде во раце, но сака да биде во иста просторија со вас.

Додека го истражува светот без вас, тоа знае дека ќе бидете покрај него кога ќе затреба. Тоа лесно може да го утврдите ако го набљудувате вашето дете.

„Ако се наоѓате во просторија со други луѓе, набљудувајте го детето. Тоа ќе си игра и истражува, но ако се случи нешто вознемирувачко ќе ве побара со поглед за да ја види вашата реакција“, вели докторката Лејтер.

Слични содржини