ЗНМ бара итна реакција за смртната закана упатена кон новинарот Фуркан Салиу

од Nikola Popovski

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара итна реакција за експлицитната смртна закана упатена кон новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу која денеска е објавена од сомнителен профил именуван како „@narco_girl“ на социјалната мрежа Твитер.

-Во објавата се посочува следната закана: ,,Посакувам залутан куршум од вчера да завршеше во главата на Фуркан Салиу” и истата претставува директен повик за убиство кон новинарот Салиу со што се загрозува неговата безбедност.

Оваа експлицитна закана по животот на новинарот Салиу ЗНМ ќе ја пријави до Министерството за внатрешни работи (МВР) и во исто време ќе инсистира на брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на авторот или авторите на оваа закана.

Укажуваме дека заканите по живот се кривични дела опфатени во Кривичниот законик за што е предвидена затворска казна за сторителите а МВР и ОЈО, треба веднаш да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина. Новинарите кои известуваат за прашања од јавен интерес потребно е да бидат заштитени кога нивната безбедност е загрозена, бидејќи во спротивност се поттикнува цензура и дела од омраза кон медиумските работници, велат од ЗНМ преку соопштение.

Слични содржини