ЗНМ ја поздравува одлуката на Елемент ПР за прекинување на договорот со град Скопје

од Nikola Popovski

Здружението на новинарите на Македонија ја поздравува одлуката на агенцијата Елемент ПР за спогодбено прекинување на договорот со Град Скопје како општествено одговорен потег. Од таму велат дека ова претставува позитивен пример кој треба треба да премине во пракса.

-Во соопштението за јавноста пишува „Како агенција што секојдневно соработува со медиумите и новинарите, целосно го почитуваме новинарството, кодексот и принципите на работа. Дел од тимот на агенцијата се поранешни новинари што е дополнителна причина за почитување на новинарскиот етички код и стандарди и зачувување на нашиот кредибилитет.“

Да потсетиме дека на 10 септември на интернет страницата на бирото за јавни набавки беше објавено дека градот Скопје предвидува да инвестира речиси 5 милиони денари за  ,,Подготовка и имплементација на промоција на кампањи за посебни проекти за активностите на градот Скопје” преку маркетинг агенција. После објавата, ЗНМ реагираше со соопштение до јавноста бидејќи со ваквиот начин на финансирање на медиуми Градот Скопје го прекршува мораториумот за забрана на јавни кампањи во приватни медиуми и директно го прекршува членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за забрана за рекламирање, како и Одлуката на владата за забрана за рекламирање во традиционалните и онлајн медиуми од 2017 година.

Ги повикуваме и останатите маркетинг агенции кои на овој или сличен начин работат со општини или други државни институции да ја следат оваа пракса, стои во соопштението на ЗНМ.

Слични содржини