ЗОО Скопје в петок ќе го отвори надворешното живеалиште за пингвини

од Берта Китинска

Во петок во Зоолошката градина во Скопје ќе биде отворено надворешното живеалиште за пингвини.

Како што соопштија од ЗОО Скопје, отворањето на живеалиштето ќе биде во 19:30 часот, но од затворен тип, односно само за медиуми.

ЗОО Скопје првпат во своето постоење од 1926 година е дом на пингвини.

Вкупно имаме девет пингвини, од кои три пристигнаа од Италија, а шест од Русија. По карантинскиот престој и адаптација првпат ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште кое е градено по светски стандарди и со идеални услови за овој вид на јужноамерикански пингвини – информираат од Зоолошката градина.

Слични содржини