Зоран Милески-Кичеец на распит во полициска станица

од Nikola Popovski

Зоран Милески – Кичеец попладнево е во полициската станица Карпош, каде бил повикан да даде изјава за снимките во кои тој зборува со црногорскиот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ, пренесуваат дел од медиумите.

Ова следува еден ден откако јавната обвинителка Вилма Русковска им даде зелено светло на министерот Наќе Чулев и полицијата да бараат докази за криминал кој потекнува од аудио „бомбите“ емитувани преку Јутуб каналот.

Една од индициите дека Давидовиќ-  Дака е дел од криминална шема е фактот што тој во јавната реакција самиот признава дека на Зоран Милевски – Кичеец му платил 300 илјади евра за консалтинг, посредување, застапување и преговарање за бизнис проекти во Македонија.

Слични содржини