Зошто Бафет мисли дека „секоја будала може да води добар бизнис“?

од Vladimir Zorba

Еден од најбогатите луѓе во светот, американскиот инвеститор Ворен Бафет смета дека, наместо да се биде шеф, треба да се инвестира во „бизнис што секој будала може да го води“.

Брилијантните и добро образовани менаџери се синоним за компании како Марк Закерберг, Елон Маск или Џеф Безос. Сепак, Бафет смета дека, наместо да се биде шеф, треба да се инвестира во „бизнис што секоја будала може да го води“, бидејќи инвестирањето во компанија, на основа на нивните лидери, понекогаш, не е најдобрата опција.

Во интервју за Анкетната комисија за финансиска криза во 2010 година, тој беше запрашан што го привлече во менаџментот на „Мудис“, агенција за кредитен рејтинг, која беше во центарот на дебаклот на хипотекарните хартии од вредност, кога ја направи својата почетна инвестиција.

„Не знаев ништо за управување со „Мудис“. Кога менаџмент со репутација дека се брилијантни е поврзан со бизнис, со репутација за лошо работење, угледот на бизнисот останува непроменет“, рече Бафет.

Бафет посочува дека ако имате доволно добар бизнис, ако имате монопол врз весниците, ако имате телевизија, „тогаш вашиот братучед идиот може да започне бизнис“. Тој посочи дека ако имате навистина добар бизнис, нема разлика во тоа кој ја работи.

Накратко, Бафет смета дека можеби е мудро да се инвестира во компании што ќе остварат профит, без оглед на тоа „кој го започнува шоуто“.

Слични содржини