Зошто Безос се повлекува од директорското место во Амазон?

од Nikola Popovski

Основачот на Амазон, Џеф Безос (57) денес објави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор на компанијата на 5-ти јули и дека еден од неговите соработници, Енди Џеси, ќе го замени на таа позиција.

„Тој датум има сентиментално значење за мене“, рече Безос, потсетувајќи дека на тој ден во 1994 година, пред 27 години, е основана корпорацијата Амазон, пренесува АП.

Безос, чиј имот се проценува на 167 милијарди долари, нема да ја напушти компанијата, туку ќе се посвети на развојот на нови производи и иницијативи, а ќе биде ангажиран на својата вселенска програма во компанијата „Blue Origin“, како и во неговиот весник „Вашингтон Пост“.

Амазон денес објави дека го купува познатото холивудско студио „МГМ“ за 8,5 милијарди долари.

Слични содржини