Зошто Бил Гејтс инвестира во производството на млеко?

од Vladimir Zorba

Милијардерот Бил Гејтс одлучи да инвестира во производството на млеко, кое нема да предизвика голема емисија на штетни гасови.

Пораката на картонската амбалажа на производителот на млеко во Портланд „Неутрал“ гласи: „Ова млеко се бори против климатските промени“.

На веб-страницата на компанијата е наведено колку јаглерод диоксид испушта за време на производството. Неговата цел е да испушти што помалку штетни гасови.

„Со оглед на тоа што потрошувачите го купуваат ова млеко, ние директно инвестираме во фактот фармите да имаат технологија што ќе ги намали емисиите“, рече извршниот директор на „Неутрал“, Маркус Ловел Смит, кој тврди дека оваа компанија е првата јаглеродно неутрална во американската прехранбена индустрија.

„Неутрал“ објави дека обезбедиле средства за заштита на животната средина од фондот основан од Гејтс. Овој производител работи со истражувачи со цел да се намали емисијата на штетни гасови во целото производство и потоа – од ѓубрива што се користат за одгледување добиточна храна до фрлање на амбалажата по конзумирање млеко.

„Неутрал“ планира да продава и други видови храна при чие производство ќе се испуштаат мали количества штетни гасови. Смит рекол дека на овој начин почнале да произведуваат млеко, бидејќи при неговото производство се испуштаат големи количини јаглерод диоксид, пишува онлајн изданието на бизнис весникот „Фест компани“.

Најголем дел од земјоделското земјиште во САД е во сопственост на Гејтс. Тој поседува 269.000 хектари земјиште во 18 држави. На неговата земја се одгледуваат компири, моркови и кромид.

Меѓу другите, светскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ го користи тој компир за да прави помфрит.

Слични содржини