Зошто делта сојот повеќе ги погодува младите?

од Stefanija Kuzmanovska

Во моментов, во светот циркулираат четири видови на коронавирусот, кои СЗО ги именува по буквите од грчката азбука – алфа, бета, гама и делта. Но, се споменуваат и ламбда, епсилон и други „букви“, има повеќе од десет нови соеви, што повторно не значи дека сите тие се присутни масовно и поопасни од оригиналниот.

Пулмолог од КБЦ „Драгиша Мисовиќ“, д-р Оливера Остојиќ, објасни зошто делтата во моментот напаѓа помлади и кои се разликите помеѓу сите овие мутации на короната.

„Сите вируси мутираат, нормално е да се појават различни варијации во споредба со основната. Досега ова беа благи мутации, без промени во клиничката слика и терапија, научниците велат дека нема премногу значајни мутации. Тие се на спајк протеинот одговорен за врзување на вирусот за нашите ќелии. Ќе видиме како изгледаат овие нови соеви, но досега клиничката слика не е променета, мутацијата ја менува брзината на ширење“, рече таа.

„Да појаснам, првиот вид или алфа од Вухан даваше две пренесување од еден заразен. Еден би заразил уште двајца. А кај делта сојот, тој број е пет, дури и до седум. Тоа значи дека засега полесно се шири, сите информациите кои ги имаме од светот, литературата и искуството, клиничката слика е малку поинаква, но не во тежина“, рече таа.

„Не го зголемува бројот на сериозни слики и смртни случаи, но се разликува по тоа што повеќе млади луѓе се разболуваат. Ова е нормално затоа што повеќето од нив не се вакцинирани, во таа група. Симптомите се слични на малку посилниот грип, но се разликува во тоа што во помалку случаи се развива губење на чувството за мирис и вкус“, рече таа.

Слични содржини