Зошто денот треба да започне со чаша вода?

од Vladimir Zorba

Кога некој ќе ве праша што е првото нешто што ви треба наутро, најчестиот одговор е кафе, а понекогаш и чај или чаша сок. Но, тоа можеби не е вистинскиот одговор…

Експертите советуваат дека денот треба да започне со чаша или две вода и дека овој избор е најздрав. Покрај хидратацијата, ви помага и да останете активни во текот на денот.

„Иако можеби не изгледа како нешто многу важно, чаша вода по будењето може да направи голема разлика. Само помислете на дехидрацијата преку ноќ. Паузата од осум до девет часа од течности навистина бара да испиете чаша вода. Затоа е првото нешто што треба да се направи наутро“, вели лекарот Шучин Бајај.

Покрај тоа, водата помага да се елиминираат штетните материи од телото. Затоа почетокот на денот со чаша вода помага во детоксикација и не треба да подготвувате било какви пијалоци.

„Исто така, не се препорачуваат чај, кафе, па дури и сокови на празен стомак. Ја зголемува киселоста и е поттик за стомачни проблеми. Една чаша вода ќе придонесе за здравјето на дигестивниот систем и помала е веројатноста да страдате од исцрпеност и чувство на тежина“, додаде Бајај.

Ако се почестите со свежо овошје после чашата вода, тоа е уште подобра комбинација.

„Не само што има позитивно влијание на кожата, туку помага и за слабеење, но и за менталното здравје“, изјави тој за „Пинквил“.

Слични содржини