Зошто Џонсон молчи за коронавирусот: Таткото на британскиот премиер по грешка испратил и-мејл до Би-би-си

од Nikola Popovski

Содржината на и-мејлот е објавена.

Кина изрази загриженост дека британскиот премиер Борис Џонсон сè уште не испратил никаква порака за поддршка на Пекинг поради коронавирусот, пренесува Би-Би-Си.

Таткото на премиерот, Стенли Џонсон, се состана со кинескиот амбасадор Лиу Јаоминг и потоа испрати и-мејл до министерот, лордот Питер Хенри Голдсмит, за она што го разговарал со Jаоминг.

Но случајно по грешка, копија од меилот испратил и во Би-Би-Си.

– Што се однесува до епидемијата на коронавирус, господинот Лиу беше очигледно загрижен, затоа што премиерот (Борис Џонсон) сè уште немал директен контакт со шефот на кинеската држава или влада, во форма на лична порака или телефонски повик, напишал Стенли Џонсон во меилот до британскиот јавен сервис.

 

Слични содржини