„Зошто дивеете“: Братот на Џорџ Флојд се обрати до демонстрантите – Дали неговиот говор ќе промени нешто? (видео)

од Nikola Popovski

Братот на Џорџ Флојд, Теренс Флојд, вчера дошол на местото каде што неговиот брат починал и до муралот кој бил направен во негова чест.

Тој им се обрати на сите што прават хаос за време на протеститет, велејќи дека ако тој не скршил или уништил нешто, тогаш зошто тие го прават то, и додал дека ништо од тоа нема да го врати неговиот брат.

„Едуцирајте се и гласајте“.

Тој изјавил дека неговото семејство е мирољубиво и ги повикал сите да бараат промена на мирен начин и да гласаат на изборите.

„Јас не дивеам. Не дојдов да кревам бунтови. Јас не правам хаос во мојата заедница. Што правите вие? Ништо не правите. Затоа што ништо од тоа нема да го врати мојот брат “, им рекол тој на собраните.

„Во секој случај, полициската бруталност е иста. Вие протестирате, уништувате работи и ништо не се случува затоа што тие не се нивни работи. Овие се наши работи. Тие сакаат ние да ги уништиме. Па ајде да го направиме тоа поинаку “, изјавил Теренс.

Тој им додал на собраните дека треба да престанат да мислат дека нивниот глас не е важен и да излезат на гласање, не само на претседателските избори, туку на сите избори.

„Едуцирајте се, знаете за кого гласате. Така ќе ги победиме, менуваме сè. Не чекајте другите да ви кажат кој е кој, знаете за кого гласате и така ќе ги победиме. Во прашање се многу пари, но има многу од нас. И ние сепак ќе го сториме тоа мирно “, рече тој.

Семеен пријател: Ова семејство бара мир

Неговиот пријател и свештеник Кевин Мекол изјавил дека еден пријател ги молел демонстрантите да продолжат со протестите, но тоа да го прават мирно.

„Ова семејство бара мир. Ова семејство повикува на мир. Испраќам порака на сите луѓе во оваа земја да престанат со немирите. Да подигнеме мировен знак. Силата е во бројките “, рече тој.

„Мир во левата, правда во десната“, е слоганот кој го скандирале насобраните, кревајќи ги рацете во воздухот.

Слични содржини