Зошто државите можат да се насочат кон Bitcoin?

од Vladimir Zorba

Финансискиот гигант „Fidelity“ вели дека повеќе држави ќе купат Bitcoin (BTC) оваа година за да останат конкурентни.

Во новиот извештај, стратезите на компанијата велат дека се користи форма на теорија на игри со високи влогови и дека земјите кои рано нема да го прифатат највисокото според пазарната капитализација крипто-средство, може да заостанат зад нивните колеги.

Доколку се зголеми прифаќањето на Биткоин, земјите кои обезбедуваат малку Биткоин (BTC) денес, ќе бидат поконкурентни од другите.

Затоа, дури и ако другите земји не веруваат во инвестициската теза или усвојувањето на BTC, тие ќе бидат принудени да се здобијат со одредена сума како еден вид осигурување.

„Со други зборови, мала цена може да се плати денес како хеџ во споредба со потенцијално многу повисоки трошоци години подоцна. Затоа, нема да бидеме изненадени да видиме други суверени држави да го стекнуваат Bitcoin во 2022 година, а можеби дури и да видиме како централната банка ќе [преземе таков потег]“, велат од компанијата.

Според „Fidelity“, новите регулативи, како што е нацрт-законот за инфраструктура на САД, кој беше усвоен во ноември, ќе им помогне на криптовалутите да се воспостават како легитимна класа на средства.

Оттаму додаваат дека иако законодавството е нејасно, има пратеници кои се свесни за тоа и се обидуваат да го променат предлог-законот за да го спасат.

„Законодавството не се очекува да стапи во сила до 2024 година и веќе се предлагаат многу амандмани, па времето ќе покаже што ќе биде со самата законска регулатива. Но, она што мислиме дека е највпечатливо е дека регулирањето на дигиталните средства, кое станува закон, е уште едно важно достигнување бидејќи класата на средства почнува да созрева и да се воспоставува“, посочуваат од финансискиот гигант.

Во моментот на објавување на материјалот, BTC се тргуваше по 42,797.16 долари, што е пад од 0.76% во последниве 24 часа.

Слични содржини