Зошто е добро да чувате лимон на масичката покрај креветот?

од Radmila Tasevska

Ароматерапија на дофат на раката.

Сите веќе знаат дека лимонот има бројни здравствени придобивки и предности. Вашето омилено овошје може да делува како средство за чистење, разубавување – но дали знаевте зошто е добро да спиете само покрај лимон на масичката покрај креветот?

Само со вдишување на мирисот на лимон, вашето тело ги доживува неговите корисни хомеопатски моќи. Некои од нив вклучуваат намалување на стресот, целокупно чувство на смирување, потенцијално намалување на крвниот притисок, алергии и зголемена продуктивност, пишува Reader’s Digest.

„Здравствените придобивки за кои сите зборуваат се всушност само ефектите од ароматерапијата. Ако ставите парчиња лимон до креветот, тогаш ќе вдишете суптилен мирис на лимон навечер. Лимонот со векови се користи како моќно есенцијално масло за ароматерапија“, вели Дајан Елизабет, основач на Skin Care Ox, пренесува Вечерњи.

Иако повеќето од придобивките од спиењето со лимон покрај вас се поврзани со здравјето, има и неколку други придобивки. Еден од нив е да ги држите мравките подалеку – ако имате наезда од мравки, едноставно втријте сок од лимон во близина или околу сите можни влезови. Цитрусната арома на лимонот ќе ја наруши патеката на мирисот на мравките и тие целосно ќе ја избегнат областа.

Лимоните исто така делуваат како природни освежувачи на воздухот и дезодоранси – така што додека тој лимон е на вашата ноќна маса, тој врши двојна должност, го освежува воздухот околу вас и обезбедува природна ароматерапија.

Слични содржини