Зошто е тешко за мажите да ги слушаат жените?

од Берта Китинска

Без разлика дали станува збор за брачен другар, брат или пријател – сите знаеме личност која е лош слушател.

И не, тој не е, затоа што му е досадно.

Всушност, постојат студии кои докажуваат дека постојат неколку причини зошто луѓето не успеваат во оваа област.

Исто така, се чини дека машкиот мозок едноставно поинаку го слуша женскиот глас.

Bright Side споделува неколку факти за машкиот мозок и вештините за слушање на посилниот пол:

Женските гласови прават машкиот мозок да работи позасилено

Студија открива дека мажите различно реагираат на женскиот глас. Во одредени делови од нивниот мозок, помалку активност се регистрира кога припадниците на посилниот пол зборуваат со нив.

Всушност, мозокот на мажите треба да работи посилно за да открие и да разбере што зборуваат жените. Ова значи дека тие потешко го разбираат значењето и емоциите на говорот на жените.

Гласовите на жените се помалку авторитативни

Установено е дека размерот на гласните жици и гркланот на жената е важен во однос на авторитетот. Всушност, повеќе им веруваме на луѓето со понизок глас и ги претпочитаме во лидерски улоги, а поубавиот пол се карактеризира со висок глас.

Ова е една од причините зошто мажите не ги слушаат жените исто како другите мажи.

Гласовите на жените се посложени

Разликата помеѓу женскиот и машкиот глас е клучна. Кога жените зборуваат, тие користат многу повеќе звуци отколку мажите и нивниот говор е помелодичен. Овие два фактори ги претвораат нивните зборови во сложени за прифаќање од машките мозоци

Бонус: Мит е дека жените зборуваат повеќе

Според истражувањето, стереотипот дека жените зборуваат повеќе отколку мажите е урбан мит. Всушност, се чини дека мажите и жените зборуваат приближно слично, но контекстот е исто толку важен.

Истражувањата покажуваат дека во некои околности, мажите зборуваат повеќе од жените, а во други, жените зборуваат повеќе од мажите.

Слични содржини