Зошто е важно да го празнете пепелникот: Цигарата е штетна и откако ќе ја изгаснете

Научниците од Националниот институт за тахнологија во САД откриле дека отпушоците од цигарата се поопасни за луѓето отколку што се мислело, поради шокантните нивоа на никотин која се создава во воздухот долго откако цигарата ќе биде изгасната.

Имено, секој отпушок емитира скоро 15 отсто од вкупниот никотин кој го содржи целата цигара, а бидејќи од угасена цигара повеќето од хемикалиите се емитуваат во првите 24 часа, откриено е дека нивоата на никотин се еднакво штетни и една недела откако цигарата е угасена.

Овие откритија ги вознемири и жителите на Австралија, па нивниот Совет за рак на Квинсленд ги предупреди жителите за таа опасност од веќе догорени цигари.

– Во Квинсленд настојуваме на тоа што е можно повеќе јавни површини да го забранат пушењето, бидејќи некои не се свесни колку делува на здравјето „секундарното пушење“ – рекол извршниот директор, Крис МекМилан за Daily Mail.

– Можеби мислите дека ги заштитивте децата од чадот доколку не пушти во автомобил кога се тие присутни, но доволно е штетно и кога пепелникот во вашиот автомобил е полн со отпушоци кои емитуваат штетни хемикалии – порача МекМилан.

Научниците исто така открија дека отпушоците се поштетни кога времето е потопло.

– Тоа значи дека доколку една недела не го испразнете пепелникот, количината на изложеност на никотин за непушачите може да биде дупло поголена – рекол водачот на истажувањето Дастин Попендиек.

Слични содржини