Зошто IKEA е толку успешна?

од desk2

Кога се зборува за бизнисот за мебел, првата компанија на која сите помислуваат е IKEA. И со право – се работи за најголемата компанија за мебел во светот и еден од најуспешните бизниси во последните две децении. Но, зошто IKEA стана толку успешна?

Сѐ околу IKEA асоцира на нешто големо. Од продавниците, кои во просек се големи по 95.000 метри квадратни, преку бројот на производи во нив, па до годишната заработка.

Во 2017 година, нивната официјална веб-страница имала 2,3 милијарди посети, додека 936 милиони луѓе ги посетиле нивните продавници. Сите овие посети резултираа во заработка од преку 40 милијарди долари преку продажба на производи. Истата таа година IKEA отвори 14 нови продавници и ја донесе вкупната бројка до 403 продавници низ светот, од кои најголемиот дел се сместени во Европа.

Она што ја прави IKEA посебна и различна од сите други продавници од истиот тип се токму продавниците, нивната локација, сето она што го има во нив и начинот на купување.

Продавниците на IKEA обично се сместени некаде подалеку од центарот на градот и патувањето до таму и купувањето од нив, самото по себе е еден вид авантура. Буквално не е можно да отидете во продавница на IKEA, да купите нешто и да се вратите за 20 минути. Обично купувањето ќе ви одземе подолго време, што значи дека за него ќе треба да одвоите 3-4 часа за шетање, одбирање на производи, купување и враќање дома. Како дел од целото искуство се рестораните на IKEA, кои нема да ве остават гладни, но дополнително ќе ве задржат во продавницата. Доколку сакате да се информирате нешто повеќе, погледнете го видеото на Company Man.

Купувањето во IKEA е цело едно доживување за купувачите и тоа е она што ги привлекува луѓето кон оваа шведска компанија. Тие се грижат за нивните клиенти, а за возврат добиваат огромна годишна заработка која го прави сето тоа исплатливо.

Слични содржини