Зошто инвестирањето во недвижнини е најдобра инвестиција? 

од Vladimir Zorba

Една од најпродуктивните форми на долгорочна инвестиција е вложувањето во недвижнини. Поседувањето земјиште и недвижен имот отсекогаш се сметало за богатство бидејќи покрај повеќекратните финансиски добивки, вложувањето во куќи, станови и деловен простор е сигурен и безбеден начин за зачувување на  вредноста на парите

Во 1943 година, познатиот психолог Абрахам Маслов го запознава светот со својот концепт за хиерархија на човековите потреби, меѓу кои се вбројува и потребата за чувство на сигурност, па така, како најчеста причина за инвестирање во недвижен имот, вообичаено се јавува желбата за нешто свое, поттикната од таквата потреба за сигурност. Несомнено, поседувањето сопствено место за живеење обезбедува удобност и чувство на припадност, но исто како што секоја индивидуа има потреба од сопствено домување, така и Halkbank чувствува потреба да ве мотивира вложувањата во недвижнини да ги претворите во профитабилна инвестиција, особено во денешно време, кога каматните стапки на долгорочните заштеди значиелоно опаѓаат.

Намалувањето на каматите е особено изразено кај станбените кредити, што пружа одлична можност за купување недвижен имот, бидејќи трошокот за закупнина е приближно ист со ануитетот за банкарскиот кредит, па така наместо изнајмување, Халкбанк ќе ви овозможи да вложите во сопствен имот.

Станбениот кредит на Халкбанк може да изнесува и до 300.000 евра, со фиксна каматна стапка за првите 10 години која, за првите 5 години изнесува 2,9%, а за следните 5 години – 3,3%. За останатиот период на отплата, кој може да биде до 30 години, каматната стапка изнесува 4 фиксни процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор. Овој производ е со ниска стапка на вкупни трошоци (СВТ) која за кредит во висина од 50.000 евра и рок на отплата од 30 години, со понудените каматни стапки, изнесува 3,54%. Кредитобарателот дополнително добива можност и за грејс период во отплатата до 12 месеци. Станбениот кредит од Халкбанк е без провизија за обработка и без трошоци за проценка.

Кредитот е со задолжителна полиса за осигурување од незгода која е во износ од 1000 денари годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот, и полиса за животно осигурување чија висина зависи од тарифата на осигурителот и индивидуалните параметри на кредитокорисникот.

Со станбениот кредит на Халбанк АД Скопје, кој сега е со ново, дополнително намалување на каматните стапки и уште подобри услови за отплата, клиентите добиваат неверојатна можност да поседуваат сопствен имот.

Слични содржини