Зошто Кристијано го облече црвениот, наместо синиот дрес на Манчестер?

од Vladimir Zorba

По 12 години, Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед, на радост на навивачите на славниот клуб.

Португалецот веднаш на своето деби покажа дека е во одлична форма, бидејќи беше двоен стрелец во победата над Њукасл.

Сепак, лесно можеше овој трансфер воопшто да не се случи.

Истакнатиот шпански новинар, Гијом Балаге откри дека Кристијано Роналдо бил на чекор до трансфер во редовите на градскиот ривал и дека Сити практично завршил се, но шокантниот трансфер не се случи.

– Дозволете ми да ви кажам нешто за тој трансфер. Роналдо и Мендеш преговараа со Сити. Сакаа да одат таму, а Пеп беше многу заинтересиран. Тој му вети на Роналдо дека ќе даде повеќе од 40 голови во сезоната. Јувентус го прифати тоа. Тие сакаа да го продадат две години, иако го негираа преку пријателски весници. Фактот што асоцијацијата на европски клубови зборуваше за тоа доволно зборува за тоа колку бил голем тој трансфер. Претседателот на организацијата дури го коментираше тоа во групата „Ватсап“, напиша споменатиот новинар.

Потоа детално објасни како Роналдо заврши во Јунајтед, а не во Сити, но откри и каква е улогата на Барселона во целата приказна.

– Пред Сити да го донесе, мораше да продаде еден офанзивен играч бидејќи ги имаше премногу. Пристигна Барселона, предводена од Лапорта. Таа била заинтересирана за Стерлинг, Габриел Жесус и Бернардо Силва, но сето тоа се распаднало кога останале без пари. Роналдо сакаше да замине во Сити, но мораше да има план Б. Се појави Јунајтед, кој понуди дури и подобра плата од градскиот ривал, а помалку од Јувентус. Јунајтед првично не беше заинтересиран, но кога се појави таа опција, тие знаеја дека може и треба да се врати кај нив. Беа воодушевени што можеа да го доведат за само 15 милиони со бонуси, изјави шпанскиот новинар.

Слични содржини