Зошто мора да ја исперете новата облека пред да ја облечете?

од desk4

Сите сакаме со новиот фустан да се пофалиме уште истата вечер по шопингот и тоа е сосема разбирливо.

Но, дали е правилно? Што мислите, колкумина го пробале тој фустан пред да го купите вие?

Затоа, исперете ја новата облека, оставете ја целосно да се исуши, па потоа носете ја.

Но, освен остатоците од епителни клетки, влакна и пот на новата облека, треба да бидете свесни дека демнат и други опасности. Всушност, дури и никој претходно да не ја пробал, на неа има хемикалии кои се користат во процесот на производство на материјалот, па и на самата облека.

Понекогаш тоа се бои, некогаш остатоци од нафталин и формалин или пак, прашина собрана при транспорт и складирање. Сето ова може да предизвика алергиски реакции, црвенила, осип на кожата или себореичен дерматитис. Затоа, за да ги избегнете овие здравствени компликации, потребно е да одолеете да ги облечете новите алишта и да ги исперете, следејќи ги упатствата на етикетите.

Слични содржини