Зошто на Твитер пишува дека авторката на Хари Потер е мртва?

од Nikola Popovski

Џ.К.Роулинг, авторката на Хари Потер, денес ја објавува својата нова книга „Troubled Blood“, поради што Твитер го промовираше виралниот хаштаг #RIPJKRowling – наведувајќи дека нејзината кариера е при крај.

„Во спомен на  Џ.К.Роулинг. Таа не е мртва, но ја уби сопствената кариера гордо мразејќи транс-луѓе и на никој и онака навистина не би му недостасувала“, напишал еден корисник на Твитер.

Овој коментар се однесува на претходно проблематичните твитови на споменатиот автор, но и на темата нова книга што следи детектив – ловец на убиец на трансродови лица.

„Романот ја следи истрагата за незавршен случај – исчезнувањето на Г.П. Маргот Бамбороу во 1974 година, за која се верува дека била жртва на Денис Крид, серискиот убиец на трансвестити“, пишува Телеграф во рецензијата за романот. „Човек се прашува што мислат критичарите на ставовите на авторот за транспрашањата за книгата чија порака е: Никогаш не верувајте на човек во фустан“.

Виралниот хаштаг собрал скоро милион твитови за помалку од дванаесет часа.

Слични содржини