Зошто Путин гласал без маска и ракавици? (видео)

од Nikola Popovski

Претседателот на Русија не носел заштитна маска за време на гласањето за измените на Уставот.

Кремљ објасни дека со тоа што соопшти дека претседателот верува во безбедносните мерки преземени на избирачките места.

„Претседателот целосно верува во санитарните мерки што се преземаат на секое избирачко место“, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според Песков, одлуката на претседателот да се појави на гласачкото место без опрема за лична заштита не значи занемарување на мерките за безбедност воведени поради пандемија на коронавирус.

Шефот на руската држава за време на гласањето користел хемиско пенкало за еднократна употреба. Додека Путин гласал, на гласачкото место немало други гласачи. Членот на избирачкиот одбор кој ги внел податоците на Путин носел маска и нараквици.

Путин во средата гласал во Москва за уставните измени на гласачкото место во Руската академија на науките.

Слични содржини