Зошто вештачката интелигенција не не спаси од коронавирусот?

од Nikola Popovski

Кон крајот на јануари, повеќе од една недела пред Kовид-19 да биде именуван, болниците во кинескиот град Вухан започнале со тестирање на нов метод за откривање на болеста, користејќи вештачка интелигенција.

Планот вклучувал СТ-скенирање на градите, тродимензионално скенирање на белите дробови кое открива детални слики. Со проучувањето на илјадници вакви слики, алгоритмот ќе научи да дешифрира дали причината за пневмонијата е Ковид-19 или нешто вообичаено, како грипот, пишува Грегориј Барбер за „Wired“.

Здравствените работници несигурни

Бидејќи вирусот започнал да се шири низ САД во февруари, идејата станала ветувачка. Со оглед на недостатокот на конвенционални тестови, тоа било начин што повеќе лица да се прегледаат што е можно поскоро. Меѓутоа, здравствените работници не биле сигурни во ова решение. Иако разните алгоритми за дијагностицирање веќе се одобрени од Управата за храна и лекови на САД,  за фрактурите на рацете, заболувањата на очите и ракот на дојка обично биле потребни со години за да се развијат. Тие се користеле во различни болници со различни пациенти, а нивните недостатоци се испитани и темелно тестирани.

„Дали има доволно информации за новиот вирус за да една пневмонија навистина различна од друга? Што е со благи случаи, при кое оштетувањето може да не биде толку видливо? Пандемијата не чекала да се појават одговори, но медицината ќе мора“, пишува Барбер.

Експеримент со лекови и вештачка интелигенција

Додека ги разгледуваме доказите, вештачката интелигенција е чекор зад нас. Сепак, ние сè уште замислуваме дека таа може да предвиди подобро од нас.

Ајде да земеме развојот на лекови. Еден од најпознатите експерименти со вештачка интелигенција билспроведен од „Google Deep Mind“. Неговиот систем Алфа Форд е лидер во моделирање на протеини, предвидувајќи ја формата на ситните структури што го сочинуваат вирусот. Во лабораторијата, толкувањето на овие структури може да трае со месеци. Deep Mind ги објави шемите за шест вирусни протеини во март, во рок од неколку дена. Моделите биле приближни, предупредуваат истражувачите, создадени преку експериментален систем. Но, веста остави впечаток дека вештачката интелигенција била вклучена во трката за вакцината.

Меѓу научниците кои работат на вакцината, сепак, овој обид е нешто непознато и нејасно, продолжува Барбер.

„Во моментов не гледам голема улога во вештачката интелигенција“, рече Џулија Шалецки, искусен научник за истражување на лекови и управничка на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, за претстојните и запоставени болести.

Многу дефинирани цели на протеини се потврдени во лабораторијата без помош на вештачка интелигенција. Ризично би било да потрошите драгоцено време и пари и да започнете од нула. Технолошкиот напредок е добар, верува овој научник, но често се постигнува на штета на нешто што е познато и ветувачко.

Слични содржини