Зошто вистинската стапка на смртност од корона сè уште е непознаница: Научниците открија како се пресметува!

од Vladimir Zorba

Бројот на смртни случаи од коронавирус во светот надмина еден милион, но експертите сè уште се обидуваат да ги разберат клучните податоци за мерење на стапката на смртност, односно пресметувањето на процентот на заразени со патогенот што умираат од последиците на болеста.

Како се пресметува стапката на смртност?

За да се пресмета реалната стапка на смртност, потребно е да се спореди бројот на смртни случаи со вкупниот број на заразени, а тоа останува непознато бидејќи е тешко да се измери целосниот обем на асимптоматски случаи.

Многу луѓе кои се заразуваат со вирусот, едноставно немаат симптоми.

Научниците тврдат дека вкупниот број на заразени е експоненцијално поголем од сегашниот број на потврдени случаи, што сега изнесува 33 милиони во светот. Многу експерти веруваат дека КОВИД-19 веројатно убива 0,5 до 1 процент од заразените луѓе, што го прави на глобално ниво многу опасно сè додека не се најде ефикасна вакцина.

„Стапката на смртност кај луѓето под 20-годишна возраст е веројатно еден на 10.000, додека кај луѓе постари од 85 години, умира приближно еден од шест пациенти“, рече др. Кристофер Мареј, директор на Институтот за математика и здравствена проценка на Универзитетот Вашингтон во Сиетл.

Колкава е стапката на смртност?

Намалување на стапката на смртност е евидентно кога се мери во однос на бројот на позитивни на коронавирус. Според статистиката на Ројтерс, во области како Америка, стапката на смртност значително опаднала од април до август. Во април беше 6,6 проценти, а во август нешто повеќе од 2 проценти.

Но, експертите сметаат дека забележаниот пад главно е резултат на поголем број тестови во споредба со тестовите спроведени во првите денови на пандемијата, поради што се откриваат повеќе заразени лица со благи симптоми или оние кои воопшто ги немаат.

На поголем број преживеани влијаеше и подобриот начин на лекување на сериозно болните, како и подобрената заштита на ризичните групи.

„Денес, знаеме многу повеќе за потенцијалните компликации и начините што ни овозможуваат успешно да ги препознаеме и третираме. Ако сте се заразиле со вирусот во текот на 2020 година, повеќе би сакале да го имате денес отколку во март“, вели др. Амеш Адаjaа од Центарот за здравствена безбедност на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор.

Слични содржини