Зошто во Бразил никој не сака да го носи бројот 24?

од Vladimir Zorba

Во Бразил, здруженијата на ЛГБТ + поднесоа обвиненија за хомофобија против Бразилската фудбалска федерација (ЦФБ). Причината? Ниту еден од 24-те играчи од селекцијата, кои играат на Копа Америка, не го носи тој број и тој беше прескокнат, па Даглас Луиз, последен на списокот, го носи бројот 25.

Бразил е единствената земја што учествува на континенталното натпреварување без дрес со број 24, а оваа одлука крие реалност многу подлабоко закотвена во бразилската култура. Бројот 24 се однесува директно на хомосексуалната заедница. Тој е поврзан со навредата „веадо“. На португалски јазик, „веадо“ значи „елен“. И, каква е врската помеѓу елените и хомосексуалноста, нема конкретен одговор, но тој збор се користи во Бразил како навреда за хомосексуалците.

Табу-темата околу бројките денес е присутна насекаде во Бразил. На пример, во 2015 година, канцеларијата број 24 одеднаш исчезна од Сенатот, без никакво образложение. Во спортската сфера ова е уште повидливо бидејќи освен во националниот тим, бројот 24 не е присутен ниту во повеќето клубови. Само неколку тимови го имаат тој број, но најмногу го носат странци.

Сега пристигна и пријава, бидејќи е јасно дека никој од играчите во националниот тим не сакал да го носи бројот 24.

Бразилската федерација сè уште не се огласи поповод обвинувањата.

Слични содржини