Зверев го победи Надал на завршниот АТП турнир

од Aleksandar Petrovski

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал загуби од Германецот Александар Зверев со 0-2 (2:6 и 4:6) синоќа во меч од групната фаза на завршниот турнир АТП турнир во Лондон.

Претходно во 1.коло од А-групата, Гркот Стефанос Циципас го совлада Русинот Данил Медведев исто така со 2-0.

Во Б-групата Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим се на првите две места по стартните победи над Матео Бертини, односно Роџер Федерер.

Наградниот фонд на турнирот изнесува девет милиони долари.

Слични содржини