Актуелно
Почетна / Спорт / Зверев наместо во самоизолација се журка во Германија, Кирјос го нападна заради неодговорност и себичност (ВИДЕО)

Зверев наместо во самоизолација се журка во Германија, Кирјос го нападна заради неодговорност и себичност (ВИДЕО)

Германскиот тенисер Александар Зверев, по гостувањето на Адрија тур во Белград и Задар, продолжи со неодговорно однесување дури и по враќањето во Германија. Во моментов, седмиот играч во светот учествуваше на турнирот на кој Григор Димитров беше заразен со коронавирус, а потоа неколку други играчи, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ, имаа позитивен тест на ковид 19.

Покрај нив, заразени се и Борна Чориќ и Горан Иванишевиќ, а останатите, и покрај негативните резултати, истакнаа дека ќе се изолираат 14 дена.

Меѓу нив беше и Германецот, кој „се забавуваше“ и во српскиот главен град и во Задар, поради што ги стави луѓето околу себе во опасност.

„Длабоко им се извинувам на сите што ги ставив во опасност играјќи на оваа турнеја. Ќе ги следам упатствата на лекарот во врска со самоизолацијата. Како дополнителна претпазливост, сите што се во тимот ќе продолжат со тестирање. Посакувам секој што е позитивен брзо да закрепне. Останете безбедни”, објави неодамна Зверев.

Сепак, тој не остана доследен и само шест дена по завршувањето на Адрија тур, излегол во еден германски клуб и се забавувал во големо друштво.

Овие слики уште еднаш го покажаа однесувањето на играчите за време на пандемијата на коронавирус, а еден од најгласните критичари на она што се случува на Балканот е Ник Кирјос. Австралиецот во неколку наврати го поткачи и Ѓоковиќ, а сега го нападна и Зверев.

„Многу контроверзни работи се случуваат низ целиот свет, но она што го привлекува вниманието е Саша Зверев. Повторно, човеку, повторно … Како можеш да бидеш толку себичен?“, рече Кирјос во видеото објавено на Инстаграм.

Тој продолжи да го критикува Германецот за новиот испад.

„Ако имате храброст да објавиш „твит“ во кој се вели дека ќе се самоизолираш 14 дена и ќе се извиниш пред јавноста, барем имај достоинство да останеш во изолација 14 дена. Боже мој. Биди со девојката 14 дена. Тоа ме разлути, овој тенис многу ме лути“, додаде Кирјос.

loading...