Зверев: Не сум ја тепал, сакам да израснам дете со неа

од Nikola Popovski

Во последните денови воопшто не му било лесно за германскиот тенисер Александар Зверев, кој се најде под удар на поранешните девојки. Едната останала бремена и изјавила дека не сака да го расте детето со него, додека љубовта од тинејџерските денови го обвинила дека ја тепал.

Александар Зверев поради сè што му се случува, решил да се огласи на социјалните мрежи.

Германецот негирал сè. Тој тоа го сторил со мирен тон, во надеж дека ќе ги реши несогласувањата со двете девојки во блиска иднина.

Кога станува збор за Бренда Пајт со која чека дете, Зверев изјавил дека се надева дека ќе му дозволи заедно да го воспитува и расте неговиот наследник.

„Последните неколку дена беа голем предизвик за мене. Ќе станам татко на 23 години и со нетрпение чекам да добијам дете. И покрај фактот дека Бренда и јас повеќе не сме заедно, имаме добри односи и јас ја преземам одговорноста како татко. Заедно ќе се грижиме за таа мала личност која ќе порасне. Не сакам да објавувам ништо јавно освен тоа, сепак ова се мои приватни работи. Сигурен сум дека Бренда и јас можеме подобро да се справиме без медиумите“, јасен е Зверев.

Сепак, ситуацијата е далеку полоша со Олга Шарипова, која во страшна исповед открила дека Зверев дури се обидел да ја задуши.

„Жал ми е што го кажува тоа. Тоа едноставно не е точно. Бевме во врска што ја завршивме многу одамна и не знам зошто Олга ме обвинува сега. Се надевам дека и двајцата ќе најдеме начин да разјасниме сè разумно со должна почит“, објавил Зверев.

loading...

Слични содржини