Ѕвездата на групата Каскада позитивна на коронавирусот: Одбија да ме тестираат

Натали Кристин Хорлер, германската пејачка и водителка која славата ја стекна во денс групата Каскада, е позитивна на коронавирусот. Веста ја споделила со бројните фанови на Инстаграм профилот.

 

„Не сакаа да ме тестираат на почетокот бидејќи не сум била во заразено подрачје ниту сум била во контакт со личност на која ѝ е потврден вирусот“, напишала Натали.

Поради споствената сигурност одлучила самата да купи тест. Иако докторите одбиле да ја тестираат, таа потврди дека е позитивна. Станува збор за благ облик на болеста.

„Се уште се навикнувам на фактот дека сум заразена, но ианака целиот живот настојував да сум изолирана па карантинот нема многу да влијае на моето секојдневие“, додала пејачката и ги замолила следачите да се придржуваат до упатствата и да се чуваат едни со други.

Слични содржини