Актуелно
Почетна / Сцена / Ѕвездата од серијата „Пријатели“ уапсена за време на протестот поради убиството на Џорџ Флојд

Ѕвездата од серијата „Пријатели“ уапсена за време на протестот поради убиството на Џорџ Флојд

Актерот Кол Спроуз, познат како Бен, синот на Рос во култната серија „Пријатели“ им се обрати на своите следбеници на Инстаграм и објави дека е уапсен, пренесува „Телеграф“.

Кол беше уапсен на протестите поради смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис, Минесота.

„Група мирни демонстранти, вклучувајќи ме и мене, беше уапсена. Пред медиумите да го претворат ова во сензационалистичка вест за мене, постои јасна потреба да се зборува за околностите: животот на црните луѓе значи. Бев уапсен додека покажував солидарност, како и многу други во Санта Моника“, напиша Спроуз.

Џорџ Флојд почина во понеделникот, 25 мај, во Минеаполис, како последица на бруталното апсење од страна на полицаец, кој клечеше на вратот на осомничениот, додека тој беспомошно викаше: „Не можам да дишам, не можам да дишам“.

loading...