Ѕвезди хуманитарци: Ријана донираше пет милиони долари

Секојдневно се донираат пари и неопходни сретства за борба против коронавирусот. Модниот дизајнер Армани беше еден од првите кои донираа и тоа 1,25 милиони евра за помош на клиниките и институтите.

Овие денови и пејачката Ријана донираше пет милиони долари, преку својата фондација Clara and Lionel Braithwate во својот роден Барбадос.

Фондацијата на пејачкта го носи името на нејизните баба и дедо. Таа одлучила да поддржи неколку организации на кои им е потребна помош.

– Одговоривме на ковид-19 со дистрибуција на пет милиони долари за хуманитарните организации DirectRelief, Feeding America, Rescueorg, WHO & Barbados за обезбедување на заедниците на заштитна опрема, медецински потрошни сретства и храна во повеќе региони – обајвила фондацијата која пејачката ја основа пред осум години.

Една од целите на организацијата е потпора и финансирање на програмите за образование, здравје и одговор на итни ситуации ширум светот.

– Никогаш не ми била поважна и поитна заштитата на маргинализираните и недоволно чуваните заедници и оние кои пандемијата најтешко ќе ги погоди, порачала извршната директорка на фондацијата Џастин Лукас.

Слични содржини