Ѕвездите на филмот кој го предвиде вирусот: Ова не е филм, туку реалност и никој не е имун

Целата планета моментално се бори со пандемијата од коронавирусот.

Филмот Зараза (Contagion) со оскаровците Мет Дејмон, Кејт Винслет, Гвинет Палтроу и Лоренс Фишбурн, можеби е морничаво блиску до реалната ситуацицја со која светот се соочува. Филмот во моментот е и најпопуларен и најчесто баран филм на интернет во светот.

Сега ѕвездите на филмот снимија видео како би предупредиле на ширењето на коронавирусот и повикаа на „здрав разум, изолација и строга хигиена“.

„Мијте ги рацете како животот да ви зависи од тоа. Бидејќи зависи“ рече Винслет во видеото во кое мијат раце.

Мет Дејмот рече дека „Зараза е филм, но Ковид-19 е реланост“ и повика да се почитуваат мерките за самоизолација. Во филмот, неговиот лик е имун на вирусот кој се шири во свеотот па Дејмон рече:

„Немам причина да верувам дека сум имун на корона. Немаш ни ти“.

Слични содржини