Ѕвездите откриваат: Кои грешки ги правите во кревет?

од desk2

Сите имаме свои вештини кога е сексот во прашање, но понекогаш партнерите не ни кажуваат што правиме погрешно за да не ги повредат нашите чувства.

Комуникацијата е важна во секој сегмент од врската, вклучувајќи го и сексот, но ако партнерот не ви кажува каде грешите, можеби ѕвездите ќе ве упатат во вистинска насока како да се усовршите.

Овен

Не им го давате на партнерите признанието што го заслужуваат. Мислите дека секој секс треба да биде опасна авантура, а ако тоа не се случи веднаш го „отпишувате“ како здодевен. Мора да научите да ги цените малите нешта и да ги охрабрувате потезите на партнерите.

Бик

Стрпливи сте, па со вас предиграта може да трае и повеќе од еден час. Но, ретко кој е толку стрплив. Повремено препуштете се на „секс на брзинка“, ќе биде возбудливо и за двајцата.

Близнаци

Мора да престанете да се лажете себе си и партнерот дека сексот за вас е само наивна забава, дури и кога имате длабоки чувства за другиот. Не се плашете од вистината и соголете си ја душата, не само телото.

Рак

Премногу се грижите за чувствата на партнерот. Супер е тоа што сакате да му удоволувате на другиот, но треба да се погрижите и за своето задоволство. Не се плашете да кажете кога нешто не ви се допаѓа.

Лав

Вие уживате кога му причинувате задоволство на другиот и немате проблем со тоа да ја водите играта и да ја завршите целата акција. Одвреме навреме, оставете го „главниот збор“ на другиот – обидете се да ја препуштите контролата и да бидете примателот на уживањето, сигурно ќе ви се допадне.

Девица

Вие баш и не сакате да пробувате нови нешта. За вас, креветот е единственото место за секс и имате две пози и три потези што ги вртите во круг. Не мора да глумите егзибиционизам, но обидете се барем да се опуштите во друга просторија во станот, да пробате нова поза, секси долна облека, нешто ново…

Вага

Премногу се преиспитувате. Одлично изгледате и облечени и голи и вашиот партнер го дели истото мислење. Заборавете на своите несигурности и препуштете се на уживањето. Ако ви е потребно охрабрување, не се срамете да го побарате.

Скорпија

Внимавајте што зборувате за време на секс бидејќи понекогаш правите да им биде непријатно на другите. Она што за вас е секси, за некого можеби е навредливо. Ако сакате поавантуристички секс, внимателно одбирајте ги партнерите.

Стрелец

Помалку треба да се фокусирате на оргазмот, а повеќе на уживањето во моментот. Не фантазирајте, фокусирајте се на личноста пред вас и она што се случува сега и овде.

Јарец

Премногу сте предвидливи. Вашите партнери знаат која поза ќе ја заземете уште пред да помислите. Потрудете се малку да излезете од рутината и да ги освежите потезите.

Водолија

Барем еднаш земете ја акцијата во свои раце. Кога ќе го видите задоволството во очите на партнерот, ќе видите дека понекогаш е подобро да имате контрола и да ја водите акцијата.

Риби

Сексот за вас е голема работа, сакате интимна атмосфера и повеќе внимание посветувате на допири и бакнежи отколку на самиот сексуален чин. Дозволете си понекогаш да бидете „диви“, ослободете се од своите инхибиции и само уживајте.

Слични содржини