Ѓукановиќ ја пречека Османи со највисоки државни почести

од Vladimir Zorba

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, со највисоки државни почести ја пречека претседателката на Косово, Вјоса Османи, која е во официјална посета на Црна Гора.

„Убеден сум дека разговорите ќе ги потврдат блиските и квалитетни добрососедски односи, силна посветеност на европската и евроатлантската визија и ќе дадат поттик за зајакнување на меѓудржавните односи меѓу Црна Гора и Косово“, напиша Ѓукановиќ на Твитер.

Како што се наведува во соопштението на Службата за информирање на претседателот на Црна Гора, по церемонијата за пречек и запишувањето во книгата на гости, ќе следи средба на двете делегации.

Слични содржини