Двајца активисти на Шарената револуција по завршувањето на протестот беа приведени од полициската единица „Алфа“ на паркингот пред Шпанската амбасада во центарот на Скопје, јавуваат репортерите на СДК.МК. Акцијата беше изведена спектакуларно со десетина припадници на полицијата и неколку возила пред очите на минувачите околу 21.30 часот. Некои од минувачите бурно реагираа на приведувањето. Беше блокирана и крстосницата кај Тифани, информира СДК.

alfi-apsene

Станува збор за момче и девојка, истакнати граѓански активисти кои на денешниот протест го шараа Министерството за правда и имаа вербална расправија со полицајците.

Двајта беа однесени со полициско комбе.

Според неофицијални информации станува збор за актерката Симона Спировска и активистот Павле Богоевски.

Слични содржини