Над две третини од Американците, односно 67 отсто, се против извршувањето на „неиспровоциран воен напад“ на САД врз Северна Кореја и веруваат дека со дипломатската криза со Пјонгјанг наскоро ќе се справат воени лидери, а не американскиот претседател Доналд Трамп, покажуваат резултатите од истражувањето на „Вашингтон пост“ и „Еј-Би-Си Њуз“.
Анкетата е спровдена на примерок од 1.002 Американци, кои во периодот од 18 до 21 септември требало да одоговорат на 20 прашања, кои се сведувале на тоа дали Трамп и неговата Администрација се во состојба да предизвикаат можна воена конфронтација со Северна Кореја и да управуваат со земјата.
Повеќето Американци (72 проценти) имаат доверба во способноста на воените раководители на САД дека можат да се справат на одоговорен начин со проблемот со Северна Кореја, но само 37 отсто имаат доверба во раководењето на Трамп.
Седумдесет отсто од испитаниците, оценуваат дека Северна Кореја претставува сериозна закана за САД.