89
Британската Влада го повика Сеп Блатер што побрзо да си оди од функцијата претседател на ФИФА, односно „да ги послуша барањата на големите спонзори на федерацијата“, јави Би-Би-Си.
– Што побрзо Блатер си оди, толку побрзо големите реформи во ФИФА ќе започнат, изјави Трејси Крауч од британското Министерство за спорт.
Минатата недела против Блатер швајцарското обвинителство покрена истрага, а најголемите спонзори на ФИФА, како „Кока Кола“, „Мкедоналдс“, „Виза“ и „Бадвајзер“, побара негово итно повлекување, а не во февруари 2016 како што самиот најави.
Блатер сепак вчера преку соопштение на неговиот адвокат изјави дека останува до февруари и покрај сите притисоци.